| четврток, 6 декември 2018 |

Воената полиција случајно се нашла пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Откако доцна синоќа возило на Воената полиција беше фотографирано пред седиштето на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, каде што полицијата упадна бараќи го порнешниот лидер на партијата и премиер на Република Македонија Никола Груевски, од Воена полиција излегоа со реакција дека случајно се нашле таму.

Кој ја злоупотреби Воената полиција? (ФОТО)

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани, Со цел објективно информирање на јавноста, а во врска со објавената вест во Вашиот медиум „Кој ја злоупотреби Воената полиција? (ФОТО)“ врз основа на објавен статус на фејсбук профилот на страницата „Бојкотирам“ ,Ве известуваме дека се работи за редовна активност на Воената полиција која во наведениот термин извршуваше задачи за придружба на висока воена делегација од странство која се наоѓа во хотелот „Бристол“ кој е лоциран во непосредна близина на седиштето на ВМРО.

 

Хотелот „Бристол“  неколку години не работи, а објектот е затворен и е во многу лоша состојба, такаа што многу малку е веројатно дека висока делегација од странство била сместена во руинураната зграда.

Фотографии направени утрово во хотел „Бристол“:

Дополнување: 

Од Воена полиција испратија и втора реакција, дека направиле катастрофална грешка и го напишале погрешниот хотел. Наместо за хотелот „Бристол“,  известувањето било за хотелот „Бест Вестерн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top