Откако доцна синоќа возило на Воената полиција беше фотографирано пред седиштето на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, каде што полицијата упадна бараќи го порнешниот лидер на партијата и премиер на Република Македонија Никола Груевски, од Воена полиција излегоа со реакција дека случајно се нашле таму.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
Почитувани, Со цел објективно информирање на јавноста, а во врска со објавената вест во Вашиот медиум „Кој ја злоупотреби Воената полиција? (ФОТО)“ врз основа на објавен статус на фејсбук профилот на страницата „Бојкотирам“ ,Ве известуваме дека се работи за редовна активност на Воената полиција која во наведениот термин извршуваше задачи за придружба на висока воена делегација од странство која се наоѓа во хотелот „Бристол“ кој е лоциран во непосредна близина на седиштето на ВМРО.
Хотелот „Бристол“ неколку години не работи, а објектот е затворен и е во многу лоша состојба, такаа што многу малку е веројатно дека висока делегација од странство била сместена во руинураната зграда.
Фотографии направени утрово во хотел „Бристол“:
Дополнување:
Од Воена полиција испратија и втора реакција, дека направиле катастрофална грешка и го напишале погрешниот хотел. Наместо за хотелот „Бристол“, известувањето било за хотелот „Бест Вестерн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст