Меган Маркл на свеченоста по повод Денот на сеќавање на жртвите во Првата Светска војна била одвоена од останатите членки на кралското семејство. Додека Кејт Мидлтон и Камила Паркер Боулс стоеле на едниот балкон со кралицата Елизабета, Меган била на другиот балкон во друштво на првата дама на Германија, Елке Буденбендер.
Британските медиуми веднаш пишувале за оваа ситуација и ја бараат причината за тоа зошто Меган била одвоена од кралската четворка, па веднаш тоа го поврзаа со неодамнешните гласини дека кралицата му приговарала на Хари поради однесувањето на Меган во дворецот.
Меѓутоа, Ричард Фицвилијам, експерт за прашања поврзани за кралското семејство, тврди дека причината е едноставна.
-Балконите кои гледаат кон Whitehall, каде се одржува свеченоста се многу мали. Кралицата беше без принцот Филип, кој е во пензија, а Кејт и Камила се идните Queen Consorts, сопруги на идните кралеви- објаснува тој.
-Тоа што Меган била на балконот со првата дама на Германија исто така е огромна чест. За прв пат германски претседател или воопшто претставник на Германија да биде вклучен во церемонијата и тоа беше голем знак за помирување- додава.
Инаку, последните дена сè почесто во британските таблоиди се споменува однесувањето на Меган во дворецот и нејзиниот однос со кралицата, а гласините станале уште погласни откако нејзината лична асистентка си даде отказ само после 6 месеци работа во дворецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти