Вчеравечер во црквата Св Софија во охрид концерт одржа Антонио Мезенес. На фестивалската сцена на Охридско лето настапиле многу врвни уметници а светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва, со прекрасниот концерт во Света Софија, само ја надополни низата на најславните, најголемите. Концерт кој долго ќе се памети, настап кој ги стопли дури и ладните сводови на црквата. Вистинска магија и енергија се разлеа во акустичната Света Софија. Менезес во пијано придружба на Олга Задо, изведоа романтична програма на сонати од Шуман, Брамс, Франк. Фестивалската публика имаше можност да ужива во изведбите на еден од најбараните изведувачи на виолончело на денешницата.
-Црквата Света Софија е прекрасна, дава едно возвишено чувство. Звукот е неверојатен. Прекрасно се чуствувавме додека свиревме, рече Менезес.
-Црквата Света Софија е прекрасна а чувството внатре е многу пријатно. Звукот е посебен и додека свиревме се чуствувавме многу убаво, рече светскиот виолончелист Антонио Менезес по пробата пред вечерашниот концерт на Охридско лето. Менезес за прв пат доаѓа во Охрид но доволно видел за да оцени дека градот, како што рече, е посебен.
-Кога ја добив поканата направив некои истражувања, барав информации за самиот фестивал и за Охрид. Кога дојдов видов дека е многу убаво и тука сум, рече Менезес кој изведе романтична програма на сонати од Шуман, Брамс, Франк.
-Тука се чувствувам многу пријатно и многу сум благодарна што внатре имам прекрасен инструмент. Охрид е многу интересен град и луѓето се гостопримливи и топли. Би сакала да имам повеќе време да уживам во убавата глетка на езерото и да ја пробам охридската пастрмка за која слушнав дека е посебна, рече Задо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“