| четврток, 6 декември 2018 |

Дете убиено од залутан куршум испукан од Турција

Sirija (19)Еден маж и 15-годишно момче беа убиени од залутани куршуми, истрелани од Сирија кои паднале во турски пограничен град, а турската армија одговори на огнот, соопштија официјални претставници. Тоа е најсериозното ширење на насилството од Сирија во Турција во изминатите седмици. Турската армија дејствувала во согласност со интерните наредби, откако куршуми, истрелани од соседниот сириски град Рас ал Аин, погодија полициска станица во југоисточниот турски град Џејланпанар и куќи во центарот на градот.

Инцидентот, што се случил вчера, ги зголемува стравувањата дека граѓанската војна во Сирија ги вовлекува соседните држави, оценуваат аналитичарите. Курдски бунтовници водат борби со исламистички бунтовници во Рас ал Ајн од вчера. Турскиот град Џејланпанар е само на неколку метри од границата. Извори од силите за безбедност соопштија дека судирите продолжуваат.

Турската армија соопшти дека претставник на локалните власти бил полесно ранет од куршум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top