| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети барал поддршка од Волерс

ahmeti-volersПретседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со американскиот амбасадор Пол Волерс рзговарал за политичките случувања во државата, за неговите посети на Берлин, Тирана и Софија, како и за потребата од постигнување на компромисно решение за името. Ахмети, како што велат од партијата,  побарал поголема и директна ангажираност на Вашингтон за да се олесни постигнувањето на компромис со јужниот сосед во годината кога се одбележува 100 годишнина на Балканските војни, кога сите, според Ахмети, треба да рефлектираме за меѓусебно помирување и интеграција.

-Претседателот Ахмети и амбасадорот Волерс го концентрираа својот меѓусебен разговар на политичките случувања во земјава, посетите на Претседателот Ахмети на Берлин, Тирана, и Софија како и потребата за постигнување на компромисно решение за прашањето со името. Претседателот Ахмети го информираше амбасадорот Волерс за последните средби со властите во Берлин, Тирана и Софија како и за интензивните напори на Демократската Унија за Интеграција за поттикнување на решавање на спорот со името со нашиот јужен сосед. Од сите свои соговорници, Ахмети побара од поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. ДУИ е посветена Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ и се прави напори да поттикне конструктивна дебата во целото општество за придобивките што земјата и регионот ги имаат од Евроатлантскиот интегративен процес. Овие напори треба да наидат на храбра поддршка од сите општествени сегменти затоа што зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговори за членство во ЕУ носи оддржлив мир, сигурност и стабилност како и економски развој. Амбасадорот Волерс ја повтори поддршката на САД за зачленувањето на Македонија во ЕвроАтлантските структури. Ентузиазмот за интегративниот процес треба да се зголеми за да рефлектира и кај меѓународната заедница-велат од ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top