По склучување на граѓански брак во Скопје, Огнен чиј татко потекнува од селото Долно Мелничани и Симона од Скопје, одлучиле судбоносното „Да“ да го кажат и пред бога во питорескната идила на Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во дебарското село Рајчица.
Приказната за црковниот брак склучен на брегот на Дебарското езеро која ја пренесува Дневник им дала идеја и на други млади брачни парови, особено на тие што водат потекло од овој крај на Македонија, да размислат да дадат брачна заклетва во прекрасната атмосфера на манастирот за кој се грижи монашко сестринство. Старосватица на венчавката била новинарката Христена Антовска Јованчева.
Според податоците од Википедиа „Свети Ѓорѓи Победоносец“ е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.
Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година од зографот Михаил и монахот Данаил од Бигорскиот манастир, а додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче. Се до 1945 година во манастирот опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт, а манастирот бил претворен во коњушница. До 1999 година овој манастир беше руиниран и во рушевини, но благодарејќи на иницијативата на игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј (со братството), манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство кое денес има сестринска соработка со манастирот „Рождество на пресвета Богородица“ од Бостон, САД. За манастирот е интересно да се спомене дека во него рачно се изработуваат митри (круна, дел од богослужбените одежди на православните епископи) кои ги носат владиците на МПЦ, но и владиците во Бугарија, Србија, Грција, Романија, како и во Вселенската патријаршија во Цариград. „Свети Ѓорѓи Победоносец“ сега е еден од најубавите македонски манастири и секоја година традиционално се празнува Ѓурѓовден, што воедно е и селска слава на селото Рајчица на која традиционално покрај дебарчани, присуствуваат и гости од други градови во Македонија (Охрид, Гостивар, Битола,Скопје, Кочани и др.).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Расте бројот на склучени бракови: Лани имало повеќе венчавки од разводи!