Шампионот на БиХ во еден супер интересен меч загубија со 4:3 на гостувањето кај Викторија Плзен, во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тоа секако е позитивен резултат за босанскиот тим во пресред на реваншот кој ќе го одиграат на домашен терен за седум дена.
По пристигнувањето на аеродромот во Сараево, фудбалерите на Железничар биле пријатно изненадени, особено стрелците на головите и голманот.
Имено, тие биле пречекани од неколку навивачи, а меѓу нив имало и бизнисмени кои одлучиле на стрелците на головите да им дадат по 500 евра и тоа на рака, веднаш на аеродромот. Толкава награда добил и голманот, кој иако примил четири голови, сепак во одредени ситуации интервенирал одлично спречил уште некој гол во неговата мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја