| четврток, 6 декември 2018 |

Ема Робертс го скрши од ќотек нејзиното момче

1358187490_emma-roberts-evan-peters-lgВнуката на познатата актерка Џулија Робертс, младата актерка Ема Робертс беше уапсена за домашно насилство, по инцидентот кој се случил за време на нивниот престој во Монтреал, Канада. По жестока расправија, Ема го нападнала нејзиниот дечко, Еван Питерс.

Бучавата ја пријавиле гостите во хотелот, а кога полицијата дошла го затекнала момчето на актерката со крвав нос. Како што е утврдено на Петерсон му бил скршен носот и имал гризнувања по телото.

Ема веднаш била приведена во полиција, а по сослушувањето е пуштена, бидејќи нејзиното момче не сакало да ја тужи.
Дека не станува збор за гласини, овој инцидент го потврдиле портпаролите на двете страни во чија изјава стои дека ова било едно несреќно недоразбирање и дека овој слуај веќе е надминат.

emma roberts

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top