| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот Хазби Лика шест месеци не оди на работа, а потрошил 4.000 евра за кафана

Министерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика на работа не оди веќе шест месеци а редовно зема паричен надомест, заедно со неуставниот додаток за непостоечкото работно место, заменик на претседател на Влада.

Лика за угостителски услуги во рамки на државните институции и за ресторани и кафеани надвор од институциите додека одел на работа потрошил 235.163 денари или околу 4 илјади евра, покажува, алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Извори од ДУИ велат лидерот Ахмети го ставил Лика за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор за да го неутрализира незадоволството на крилото од поранешните команданти на УЧК, каде тој бил влијателен. Во 2003 беше заменик-министер за внатрешни работи. Од 2005 до 2009 беше градоначалник на Тетово. Во 2009 повторно се кандидираше, но изгуби од Сади Беџети од ДПА.

Алатката содржи податоци заклучно со мај. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top