Вечерва во 21 часот на програмата на „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ е концертот на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација, ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк.
-Во изминатите неколку фестивалски изданија во црквата Света Софија настапија најелитните челисти на денешницата. Во фестивалската историја се запишаа имињата на Александар Рудин, Наталија Гутман, Давид Герингас, Миша Мајски, Моника Лесковар, Ксенија Јанковиќ. Минатогодишното фестивалско издание беше затворено со настапот на изворедниот Енрико Диндо, кој зад себе остави концерт за паметење. Оттука се потешко станува да се најде челист кој што ќе остави уште поголем уметнички впечаток од неговиот претходник. Но потрагата по најдобрите, најуспешните преставува основна определба и голем предизвик и токму затоа ми преставува голема чест што оваа година фестивалската публика ќе има можност да ужива во изведбите на еден од најбараните изведувачи на виолончело на денешницата, Антонио Менезес, вели селекторот на музичкиот дел на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


