Вистинскиот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Тој предупредува дека државата оди во амбис. Економијата пропаѓа, земјоделието е упропастено, нема ниту еден нов проект, додава Мисајловски.
- Имаме економски и политички егзодус и на тоа мораме да му ставиме крај, а кој друг ако не ние. ВМРО-ДПМНЕ за многу бргу ќе биде победничка партија, само обединети и сложни ќе тргнеме кон нови победи. Претседателот има полна доверба од сите нас, но и од граѓаните. Ние мора да ги прифаќаме и критиките што се насочуваат кон сите нас од партијата бидејќи некогаш тие критики се добронамерни и доаѓаат од луѓе што го сакаат ВМРО и Македонија, а од друга страна тие критики треба да не направат посилни и помудри. Мора да ги отвораме вратите за сите луѓе, секое зрно тежи во амбарот и сите ние мораме да се вложиме повеќе и заедно обединети да победуваме – пишува Мисајловски.
Тој додава дека постојано и постојано треба да се говори за ВМРО, но никако не смее да се спомне за тоа што власта нема ниту еден капитален проект, постојано треба да се зборува и прогонува ВМРО, но никако не треба да се зборува за уставните амандмани и промената на Уставот, постојано треба да се зборува за фабрикуваните и политичките процеси кон почесниот претседател, поранешни раководни лица, граѓани и патриоти само не смее да се зборува дека се менува името на нашата татковина Република Македонија.
- Угнетувањето спрема ВМРО трае со години и продолжува само за една цел а тоа веќе му е на секој повеќе од јасно што е целта, но ние мораме сите да зборуваме за реалните теми и да ја критикуваме сите заедно оваа власт за да ја натераме барем нешто да работи во полза на македонскиот народ. Македонија ќе победи !!! ВМРО ДПМНЕ ќе победи !!! – вели Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Озбилни сте?
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)
-
Мисајловски: 100 нови улици во Ѓорче, ќе нема ни една неасфалтирана улица! (видео)
-
Мисајловски: Сите депонии во Ѓорче Петров ќе ги претвориме во зелени површини (видео)