| четврток, 6 декември 2018 |

Падна дилер од Teтово, во домот му се најдени 45 кг марихуана (фото)

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во домот и помошните простории на 54-годишниот тетовец Н.И, лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, а потоа и во мала куќаркана улица „29 Ноември“, исто така, негова сопственост.

При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење.

Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија.

Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ( 31 октомври ) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top