Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ и актерката и манекенка Џерен Хиндистан се во врска.
Во една ТВ емисија, манекенката решила да биде искрена.
-Бидејќи тој не сакаше да дава никакви изјави за тоа, медиумите ме притискаа мене. Почнавме да разговараме преку социјалните мрежи, а после тоа ете почнавме. Благодетите на технологијата понекогаш треба да се искористат. Нема да влегувам во деталите на пораките, многу се лични. Можно е тој се уште да негува некои чувства кон Емина, имаат десет заеднички години и две деца – рекла таа и додала дека верува дека Емина и Мустафа ќе останат пријатели.
-Секако дека ќе се гледаат. И мислам дека нема лесно да ја заборави, но тоа мене не ме вознемирува, ниту би дозволила тоа да се случи. Емина за него е посебна. Ем е мајка на неговите деца, ем е жена во која бил заљубен и со која се оженил. И не мислам дека може да ја заборави за 5-6 месеци. Јас секогаш сум му поддршка, како другарка, како пријател. А што ќе се случи на крај, ќе видиме – рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емина и Мустафа заедно: Ја здогледал во толпата и ја прегрнал, а нејзината реакција ги изненади сите!
-
Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!
-
Нивната љубов добива ново ниво: Се појавија нови фотографии на Емина и турскиот милијардер
-
Први папарацо фотографии: Емина Јаховиќ фатена со турскиот милијардер!(видео)