| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

-Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот Мицкоски посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо- соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Двајцата соговорници се осврнале и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секој процес, доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.

-На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Франција за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува- соопштија од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top