Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески вели дека подготовките за „Пивофест 2013“ се веќе при крај, а градот го ситно брои до почетокот на како што се очекува, најголемиот фестивал до сега.

Градоначалникот на Прилеп
Марјан Ристески
Господине Ристески, со кои проблеми најчесто се соочува градот и на што се посвети особено внимание годинава?
Г.Ристески: Подготовките за 11-тиот по ред „Фестивал на пивото – Прилеп 2013“ речиси се завршени. Манифестацијата е бренд за Македонија. Од година во година имаме се поголема посетеност. Така се надевам ќе биде и годинава. Ќе имаме посебен режим на сообраќај, ќе бидат обезбедени околу 10 илјади паркинг места, а на Паркот на револуцијата ќе бидат понудени бесплатни кампинг места со гратис кафе и чорба за оние кои сакаат да кампуваат. Ќе бидат пуштени и дополнителни возни линии од Скопје до Прилеп и обратно, а како вистинско туристичко освежување тука е и туристичкиот воз, пајтонот и велосипедот на кој љубителите на пиво и ќе конзумираат пиво и ќе се возат. Инаку припремите за секој Пивофест почнуваат веднаш откако ќе заврши претходниот Пивофест, така и за овој, ние максимално се подготвуваме за сето да биде беспрекорно и да имаме што поголема посетеност, да се донесе повеќе туристи, да се направи поголема реклама за Пивофестот и за Македонија и слободно можам да кажам дека Пивофест е веќе Супербренд, значи не е бренд само на градот, туку и на Македонија.
Секоја година се носат се поголеми и поголеми музички имиња. Тешко ли е да се донесат на фестивал од ваков тип? Имаат ли посебни барања „ѕвездите?
Г.Ристески: Присуството на големите ѕвезди на ваков фестивал ја потврдува и неговата големина и атрактивност. Колку се поголеми ѕвездите толку треба попрофесионален пристап кон сето ова, меѓутоа верувајте тие се само големи ѕвезди пред медиумите. Во обичната и нормална комуникација надвор од сето тоа се нормални луѓе со нормални барања исто како и сите нас. Досега сме немале некои посебни барања освен во смисла на рајдер листа со самото озвучување што нуди добар и квалитетен звук на нивните изведби. По секоја изведба ѕвездите се достапни за сите медиуми и за делење автограми на обожавателите. Веќе е престиж на секоја музичка ѕвезда на балканов и пошироко да настапува на овој фестивал, а бината која ќе биде поставена оваа година ќе биде најголема бина некогаш поставена на овие простори.
Кои рекорди од минатата година по број на испиени пива, изедена храна и посетители од минатата година ќе се бркаат?
Г.Ристески: Секако дека очекуваме нов рекорд, тоа го покажува и трендот на развој на Пивофестот од година во година, имаме се повеќе и повеќе гости, лани имавме над 400.000, а оваа година очекуваме многу повеќе гости за 4 дена што значи градот не само што е подготвен во однос на организација на самиот Фестивал на пиво, туку е спремен и за реализација за одржување на комуналната хигиена, чистотата, безбедноста и секако беспрекорен сообраќај, бидејќи десетици илјади возила ќе доаѓаат секој ден, ќе влегуваат и излегуваат од градот, што значи дека ќе има и доволно паркинг.

ПРОГРАМА „ПИВОФЕСТ 2013“
Четврток 18-ти јули:
Зафир Хаџиманов
Маја Оџаклиевска
Драган Мијалковски
Вера Јанковиќ
Дани Димитровска
2CELLOS
Петок 19-ти јули:
Давид Нешкоски Трио
Santa Macario Orkestar
Владо Ѓеорѓиев
INNA
Сабота 20-ти јули:
Миле Кузмановски
Соња Тарчуловска
Данијела Мартиновиќ
Халид Бешлиќ
Недела 21-ви јули:
Mr. Jaakko
Bjonko & Copenhagen Chalgija
Dj. Prinsen Paulista
Зоран Џорлев
Горан Бреговиќ
Разговараше: Марина Костовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


