| четврток, 6 декември 2018 |

Лопетеги: Има живот и после Ел Класико

Шпанските медиуми со внимание следат се’ она што се случува во пресрет на големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое ќе се одигра утре од 16.15, а. централна фигура секако е тренерот на Реал, Хулен Лопетеги. Тој има очаен старт на сезоната и е под огромен притосок од јавноста.

Поголемиот дел од шпанскиот медиуми се убедени дека Лопетеги ќе добие отказ доколку Реал забележи пораз во дербито, а не се сигурни ниту дека ќе остане на функцијата и доколку освои бод или пак победи.

– Мораме да биде добри во недела. Прво и основно, јас сум фокусиран на фудбалот. Мораме добро да се браниме и одлично да напаѓаме, со овие зборови ја започнал прес конференцијата Лопетеги, а потоа одговорил и на прашањето дали за него ќе постои живот и после Ел класико.

– Не мислам дека ќе умрам, мислам дека има живот и после Ел Класико. Ќе бидеме фокусирани и најмногу ќе размислуваме за нашата игра. Знаеме против кого играме и мораме да ги искористиме нашите квалитети, заклучил тренерот на Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top