Шпанските медиуми со внимание следат се’ она што се случува во пресрет на големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое ќе се одигра утре од 16.15, а. централна фигура секако е тренерот на Реал, Хулен Лопетеги. Тој има очаен старт на сезоната и е под огромен притосок од јавноста.
Поголемиот дел од шпанскиот медиуми се убедени дека Лопетеги ќе добие отказ доколку Реал забележи пораз во дербито, а не се сигурни ниту дека ќе остане на функцијата и доколку освои бод или пак победи.
– Мораме да биде добри во недела. Прво и основно, јас сум фокусиран на фудбалот. Мораме добро да се браниме и одлично да напаѓаме, со овие зборови ја започнал прес конференцијата Лопетеги, а потоа одговорил и на прашањето дали за него ќе постои живот и после Ел класико.
– Не мислам дека ќе умрам, мислам дека има живот и после Ел Класико. Ќе бидеме фокусирани и најмногу ќе размислуваме за нашата игра. Знаеме против кого играме и мораме да ги искористиме нашите квалитети, заклучил тренерот на Реал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст