| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ќе и се допадне: Меган Маркл доби таен прекар!

Официјално е војвотката од Сасекс, неофицијално Меган Маркл, а вработените во кралската палата во Лондон имаат таен прекар за сопругата на Хари – Лејди Ди 2.

Како што пишуваат британските медиуми, вработените во палатата смислија прекар кои сметаат дека совршено ја опишува Меган.

Сопругата на принцот Хари е многу слична на неговата мајка Дајана, па ја нарекле Ди 2.

Начинот на кој Меган се однесува во јавноста колку е таа едноставна и опуштена ги потсетува на деновите кога во палатата живееше принцезата Дајана, која неверојатно беше слична.

-Слушна дека меѓу себе ја нарекуваат Ди 2, бидејќи нејзиното однесување потсетува на Дајана. Мислам дека е тоа вистина и дека се слични-вели извор близок на “палатата“ и додава

–Меган е многу самоуверена пред камерите,а истото го видовме и кај принцезата Дајана. Камерата ги сака и тие ја сакаат неа. Тука е љубовта и кон модата и истенчениот моден вкус. Дајана го сакаше Версаче, а Меган Живанши. Двете ја сакаат класиката елеганцијата и сигурните бои – изјави изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top