Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ во недела за првпат гостува во „Еден на Еден“. Легендарниот Чола во студиото кај Жарко Димитриоски беше пречекан од голема група на обожаватели, кои први имаа можност да ги чујат неговите приказни.
Тој раскажа за неговите почетоци, за авантурите со неговиот некогашен менаџер, легендарниот Џаро, за концертите, песните, посебната врска со Македонија.
Сѐ на сѐ, нѐ чека уште една одлична епизода од најгледаното ток-шоу „Еден на Еден“! Не ја пропуштајте оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.