Викендов „Јавна соба“ слави три години постоење. Заокружуваме тројка, трета среќа!, валат оттаму. По тој повод во сабота на 27 октомври со почеток во 21 часот ги отвораат вратите на трите ката, со цел секој да ја пронајде приказната за себе.
Јавна соба е местото кое ги собира сите генерации, млади, стари. За некои од нив ова е местото кое се ушушкуваат како дома. Релаксирано, креативно ќоше кое го препознаваат дури и оние кои за прв пат стапнуваат на тлото на Скопје.
Велат, Public Room, или Соба по нашки, е како стара железничка, поминуваат и се враќаат урбаните ликови, ликовите со карактер и сенс да препознаат добра изложба, одличен музички настан, да вкусат одлична храна, да ја почувствуваат магијата на Скопје. Соба те остава без здив, стана совршен “match” кога станува збор за настани од областа на културата, дизајнот, создавањето и поттикнувањето. Носител и креатор е на Skopje Design Week единствениот настан кој ги донесе светски познатите дизајнери, инсталации, поставки, прототипи и стана поим за иновативност, дизајн експресија со карактер, но Соба исто така е дом на врвни музичари, актери, поети и кулинари.
По повод тројката за Јавна соба, подаруваме одлична музичка програма од урбани музички ликови кои со своите музички парчиња ги поттикнуваат естетските сетила на три ката. DJ Emi Ermilova (приземје), DJ set Angel Anx (приземје), посебно интерактивно катче со инсталации за опуштање (1 кат), концерт на Георги Шаревски и “The Instincts” (поткровје) како и завршница со DJ set Jan KoNen (поткровје).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)
-
Караванот „Мадам Фортуна“ со Gypsy jazz во „Јавна соба“
-
Не се само Нимиц и Могерини: И Цеца вчера со гала-забава славеше роденден! (галерија)