| четврток, 6 декември 2018 |

Загинала од струен удар додека зборувала на Ајфон5?!

iphone5 23-годишна Кинеска која работела како стјуардеса, загинала од струен удар додека телефонирала од нејзиниот Ајфон5 кој бил приклучен во струја за да се полни батеријата, тврди нејзиното семејство. Инцидентот се случил во четвртокот во нејзиниот дом во градот Ксинџијанг. Компанијата Епл ветила целосна истрага во соработка со кинеските власти, пишуваат кинеските медиуми.

–       Длабоко сме ожалостени откако дознавме за тој трагичен инцидент и изразуваме сочувство на семејството. Ќе покренеме целосна истрага и нудиме соработка со властите во таа истрагата, порачал портпаролот на Епл.

Експертите од Хонг Конг предупредуваат дека било кој елетричен уред, па така и мобилните не треба да го користиме додека им се полни батеријата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top