| четврток, 6 декември 2018 |

Мртво тело два дена лежело во дворот на велешката болница

bolnica veles

фото: тирековмирече.ком

Хигиеничари го пронашле телото на починат велешанец вчера, додека го собирале сметот во дворот на болницата, јави „Дума“. Тоа лежело на само неколку метри од капелата во изградба, поточно во близина на Дневниот центар за нарко зависници.

Случката веднаш ја пријавиле во полиција. Од велешката полиција денеска ја потврдија информацијата, известува duma.mk.

Мртвиот маж е велешанецот З.Б. (40). Телото е предадено на обдукција, а првичните информации кои ги пренесува порталот се дека станува збор за регистриран нарко зависник за кој засега се претпоставува дека починал пред два дена од предозираност. Истрагата ќе ги утврди причините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top