Словенија беше прочитана, тенка во ротацијата и немаше сили за дуелот со Шпанија која постојано го контролираше првото мундијалско полуфинале, по што “Змајчеки” ќе мора да се задоволат со борба за третото место кое за нив би било извонредно. Победата на домаќинот од 26-22 беше навестена рано, уште во финишот на првото полувреме кога домаќините водеа и со пет голови разлика.
Ако малото финале што се игра утре од 19 часот е добро достигнување за Словенците, тогаш тоа сигурно е слаба сатисфакција за Хрватска која во вториот дел од вечерашната програма во Сан Жорди салата во Барселонака загуби од Данска со 30-24. Актуелните европски прваци, Данците добија премногу втори шанси за напад што ги искористија за константно водство меѓу три и шест голови разлика, за конечен триумф и за трето врзано финале на СП и ЕП во последните две години. Ландин имаше 17 одбрани, Егерт даде 9 голови.
Хрватска трет пат по ред и тоа во само година дена губи полуфинален меч на големите натпреварувања на кои се задоволуваше со бронзи од ЕП во Србија и од ОИ во Лондон,а во предходните 22 првенства на светот домаќините шест пати играле финале и четири пати доаѓале до злато што е добра увертира за Шпанија.
За трето место-Сабота, 19.00
Словеија-Хрватска
За прво место-Недела, 17.15
Шпанија-Данска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.