| четврток, 6 декември 2018 |

Обама го прекршил американскиот устав

Тројца судии во судскиот совет на американскиот апелационен суд за Дистриктот Колумбија одлучи дека американскиот претседател немал уставно овластување на назначи тројца функциониери во Националниот Совет за работнички односи.

Едногласната одлука на судиите е срамна за Обама кој функционерите ги назначи откако републиканците со месеци ги блокираа неговите одлуки  на оваа тема.

Пресудата во исто време под знак прашалник го доведува назначувањето на Ричард Кордеј за шеф на Бирото за финансиска заштита на потрошувачите направено под истите околности како и во последниот случај.

Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни денеска изјави дека администрацијата „со почит но силно“  се противи на одлуката на судот.

Според него од 1887 година американските претседатели врз основа на истиот закон назначиле вкупно 280 функционери. „Судот ја урна 150 – годишната традиција користена и од Републиканците и од Демократите“, изјави Карни,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top