| четврток, 6 декември 2018 |

Каква ќе биде зимата?

Додека уживате во деновите на Ѓупското лето, интересно е да се забележи дека според предвидувањата на приватниот американски сервис AccuWeather, не чека и топла и сува зима.

Топлата зима треба да резултира со помало количество снежни врнежи, во поголемиот дел од Медитеранот.

Во северниот дел на Пиринејскиот полуостров, Западна и дел од Централна Европа, ќе бидат погодени од чести врнежи од дожд, што би можело да резултира со поплави.

Областа од Ирска и Обединетото Кралство до северна Франција, Германија и Скандинавија ќе биде изложени на опасност од чести бури оваа зима.

Дел од централната и северна Европа ќе имаат влажна и свежа зима, која ќе биде постудена на исток, каде што ќе има многу честа појава на продори на многу ниски температураи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top