Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови во западните делови од земјата ќе дојде до зголемување на облачноста и ќе има услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне значително облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.
До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и топло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.