За љубовниот живот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ многу се нагаѓа. Отсекогаш сите сакале да знаат дали е во врска и со кого. Овојпат пејачката отворено проговори за тоа дали има партнер, а нејзиниот одговор веројатно ќе ги одушеви мажите.
-За некого подобро е да го прегрнува маж, а некој повеќе сака бунди. Зависи кој што сака, а јас сакам и едно и друго. Зошто маж не би ме прегрнувал како бунда или бунда како маж? Сигурно не би се бунела – рекла пејачката која на еден настан пред неколку дена се појави облечена во бело.
Многумина тогаш коментираа дека со тоа можеби најавува мажачка, но таа се разјасни.
-Што се однесува до мојата бела комбинација на облека, тоа не најавува ништо. Белото го пробав во минатиот век. Одамна бев мажена , а ако сум паметна, нема да се мажам повторно. Зошто не би била девојка до крај на животот? Тоа е прекрасно чувство и не ми пречи да остане така – нагласила пејачката за Ало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.