Во рамките на музичкиот дел од фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Св. Софија“ ќе настапи рускиот виолинист Сергеј Малов, познат како еден од подобрите виолинисти од помладата генерација.
Најавувајќи го вечерашниот настап на Малов, селекторката на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова-Неделковска, истакна дека она што го прави Малов посебен, единствен и незаменлив е тоа што тој во исто време, и тоа еднакво добро, свири на три инструменти, виолина, виола и виолончело да спала.
За концертот на „Охридско лето“ Малов понуди неколку различни и многу интересни програми, но секако изборот за неговиот настап е токму изведбата на делата на Бах и Барток, каде што првпат на фестивалот посетителите ќе имаат ексклузивна можност да слушнат изведби на две чело-суити од Бах на инструментот виолончело да спала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.