| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнат е Пертеф (Пепи) во околината на Тафталиџе, боледува од алцхајмер

Семејството на Пертеф кој боледува од алцхајмер апелира да се помогне во потрагата по него на социјалните мрежи.

ВНИМАНИЕ! Вујко ми е човек кој пати од Алцхајмер и има побегнато од дома! Се вика Пертеф (Пепи), а кога последен пат е виден носел сини пижами (горе на пруги) и бели патики. Живее во Тафталиџе, во околината на Катастар, а во моментот не знаеме каде е! Последен пат е виден околу 17 во Баду бар Влае, а има и информации дека се запатил накај Бардовци. Сликата со облеката што ја носи е во коментарите. Ве молам ако имате било каква информација, информирајте ме, а ако можете и споделете! Благодарам! Контакт број 072553977

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top