| четврток, 6 декември 2018 |

Бурна вечер за фудбалерот Арда Туран во Истанбул: Пијан се степал со турскиот пејач Беркај Шахин

Турскиот фудбалер и член на Башакшехир Арда Туран, кој е всушност играч на Барселона на позајмица имаше бурна вечер во Истанбул. Тој во пијана состојба и пришол на жената на турскиот пеач Беркај Шахин. Пеачот ја видел ситуацијата и и рекол на сопругата да замине,а се обидел да разговара со Арда Туран, но веднаш добил бокс во носот, кој му бил скршен.

Фудбалерот потоа жалел за настаната ситуација, со зборови дека не знаел дека е сопруга на Шахин.

Беркај е успешно опериран, а Ада Озлем Шахин ја прераскажала целата ситуација.
– Арда ми пријде, ме допре за раката и ми кажа дека сум убава. Го прашав што му се случува, а Беркај изгледа го слушна разговорот и кажа дека ќе разговараат како двајца мажи откако јас ќе заминам дома. Се сврте кон Арда, а овој веднаш го удри, прераскажуваше Ада.

Таа надополни и дека ја познава сопругата на Арда која е бремена во осмиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top