| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Комуњари прочитајте го Груевски!

Александар Пандов на фејсбук профилот денеска упати на пораката на Груевски, бидејќи станува збор за политички прогон.

-Комуњари прочитајте го Груевски👌🏻, пораката негова пред се е за вас!  А еве и јас да ви кажам неколку збора. Политичкиот прогон кој го спроведувате врз него, а и врз десетици други патриоти, ве уверувам дека со тоа него и нив ги правите македонски политички икони и маченици, а вас најобични предавници и шпиони. Веќе ви е јасно дека фрустрациите и злобата кои си ги носите во себе, ви останаа и после овие процеси и пресуди, дури ви е и зголемена. Ако и во еден момент сте помислиле дека нас останатите со ова ќе не уплашите или скршите, тогаш вие признавате дека воопшто не го познавате Македонецот! Шамарањето на референдумот ќе биде ништо во споредба со фактурата која ќе ви биде испорачана, на било која наредна можност, нарородот да ви го даде гласот. Ве очекува ПАСОКизацијата! Конечно да ве потсетам дека како добри познавачи на историјата, ние од неа ќе црпиме примери, како западно европските народи на крајот се справувале со водачите на фашистички творби, напиша Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top