„Рефлексот претставува автоматска реакција како одговор на надворешно дразнење и опасност. Тоа значи дека нашите мускули, без наша команда, ги движат нашите екстремитети и тело. Рефлексни се и реакциите на несреќава на секое дразнење и опасност на Заев и неговата платеничка хунта. Секој отпор и протест на народот против тиранијава, за оваа сподоба е реакција на „Рубља патриоти” и државни непријатели. Како да коментира реформаторов кој е роден во Крушево, а за 2-август кога е преполно со народ не може да си оди дома, пошто ќе помине исто како и избраниците на Заев?
Не сум нешто посебно сигурен дека со неговите статуси, колумни и тв настапи му помага многу на Заев и заевистите, но сигурен сум дека многу му штети на ВМРО-ДПМНЕ! Од тука тврдам дека е крајно време овој „долар патриот” биде изногиран од партијата“, пишува на фејсбук Александар Пандов, аналитичар, по вчерашниот статус на Петар Богојевски кој напиша дека вчера свиркањето на Мечкин Камен било срамно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.