Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје објави два нови историски романи од истакнати современи исландски автори. Станува збор за книгите „Сага за Јон“ од Офејгур Сигурдсон и „Солзите на ангелите“ од Јон Калман Стефансон.Преводот на македонски на првата е на Мери Кицовска, а на другата на Ѓургица Илиева.
Во 1775 година на Исланд владее невиден студ. Свештеникот Јон Стајнгримсон е осомничен за убиство на првиот сопруг на неговата сопруга Торун и протеран од манастирот. Тргнува на југ, кон Мирдарлур, и се сместува во една пештера. Чекајќи да пристигне сопругата, се надева дека таму ќе може да започнат нов живот. Но вулканот Катла се буди и почнува да блуе облаци пепел, уништувајќи ги природата и населбите, а Јон е во опасност да биде закопан жив во пештерата! Тој го исполнува времето во размисли за љубовта, идентитетот, верата, загубата, обновата на Исланд. Земјоделството и пишувањето писма до Торун му ги оттргнуваат мислите, но Јон ќе мора да се соочи со своето минато.
„Сага за Јон“ е фасцинантна епистоларна приказна за „огнениот свештеник“, комплексна и таинствена личност, една од најнеобичните во историјата на Исланд. Книгата е добитничка на престижната Награда за литература на Европската Унија во 2011 година.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Офејгур Сигурдсон (1975) е исландски писател и преведувач. Дипломирал философија на тема поврзана со Жорж Батај. Автор е на седум збирки поезија и на четири романи. Добитник е на Исландската книжарска награда во 2014 година и на Исландската награда за книжевност во 2015 година. Еден од ретките исландски автори чиј роман за три месеци се распродал во пет изданија. Преведуван е низ целиот свет. Моментално живее и работи во Белгија.
„Солзите на ангелите“ е моќна приказна што потсетува на вечната борба на човекот против безмилосното величество – природата! Приказната го следи „момчето“ што, откако доживеало страшна траума на море, оди во едно мало исландско село што наскоро ќе му стане дом. Тој има желба да му ја врати книгата поезија на стариот морски капетан – книга поради која умира и неговиот пријател Бардур. Додека селаните се собираат во крчмата за да пијат жесток алкохол, момчето им чита извадоци од „Хамлет“. Еден ден таму влетува поштарот Јенс, полумртов и смрзнат до коска. На следното патување кон фјордовите, тој го поведува и момчето со себе бидејќи има потреба од некој што не се плаши од морето. Двајцата ќе се најдат во ситуација да го ризикуваат животот еден за друг, и тоа поради една невообичаена пратка! Снегот е „солзите на ангелите“ и тој паѓа ли паѓа и се обидува да ги препокрие и хероите на оваа волшебна книга.
Стефансон ја добива италијанската награда „Ботари Латес Гринѕане“ токму за ова дело, кое е втор дел од епската исландска трилогија, чиј прв дел, „Помеѓу рајот и пеколот“, веќе е објавен во издание на „Антолог“.
Книгата е објавена со поддршка на Исландскиот книжевен фонд.
Јон Калман Стефансон (1963) е исландски писател. Студирал литература, но не положил некој важен испит и не го завршил факултетот. Од 1992 до 1995 година работел најразлични работи во Копенхаген, Данска. По враќањето на Исланд, почнува да се занимава со пишување. Како поет, романсиер, преведувач, тој е еден од најистакнатите современи исландски писатели. Неговите дела се преведени на десетина јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија
-
„Три новели“ од Тања Урошевиќ и „Попатно“ од Влада Урошевиќ ќе се промовираат во „Магор