| четврток, 6 декември 2018 |

Се е фејк њус: Роналдо брутално и одговори на девојката која го обвини за напад!

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, кој е обвинет дека во 2009 година силувал студентка, одговори на обвинувањата по пат на социјалните мрежи.

За потсетување, ѕвездата на Јувентус се најде во центар на вниманието со скандалот поради силувањето и обвинувањето дека наводно платил 375.000 долари за молчење на непознатата жена од САД.

Студентктата од Лас Вегас, Кетрин Мајорга тврди дека познатиот фудбалер Роналдо анално ја силувал во 2009 година, па светот не престанува за пишува за овој скандал.

После се се огласи и славниот Португалец кој по пат на социјалните мрежи има порака за целиот свет.

-Она што се пишува во медиумите се фејк њус на луѓето кои сакаат да се промовираат користејќи го моето име – рекол Роналдо и додал:

– Тоа е нормално, сакаат да се прослават така што ќе поврзат со моето име. Тоа е дел од мојата работа, но јас сум среќен човек и сето тоа е во ред-заклучил Роналдо во обраќањето до фановите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top