| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Фетулах Ѓулен во Турција осуден на 10 години затвор

Братот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Кутбетин, беше осуден во Турција на 10 години и шест месеци затвор поради наводно членство во вооружена терористичка група, објавија турските медиуми.

Тој беше осуден на затвор во вторникот од страна на судот во Измир, а се тврди дека Кутбетин Ѓулен, кој беше притворен во Денизли од октомври 2016 година, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Неговиот брат Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е осомничен дека е главен организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година. Оттогаш илјадници граѓани се уапсени во Турција под сомневање дека се поврзани со неговото движење, а повеќе од 110.000 државни службеници беа отпуштени или суспендирани, вклучувајќи ги и припадниците на војската, полицијата и новинарите.

Официјална Анкара постојано бара од САД да го екстрадираат Ѓулен, сепак, Вашингтон одби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top