Во гостувањето на Телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со најавените предвремени избори вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено во секој момент да излезе на избори, но претходно треба да се завршат некои работи. Треба да се истражат сите нерегуларности во врска со референдумот, но и избор на нов јавен обивнител по предлог на опозицијата.
– Мора сторителите на ова девијантно однесување да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако ова не се истражи и ако не се најдат сторителите на ова, ние ќе имаме повторно и повторно повторување на ова девијантно однесување и тогаш за какви европски вредности ќе зборуваме. За тоа да се случи ние мора да имаме јавен обвнител кој што ќе биде кредибилен да го истражи ова, за да можеме ние како институција да веруваме дека тоа што ќе го направи тоа навистина е така, рече Мицкоски.
Во врска со пржинската влада, Мицкоски рече дека нема алтернатива за ова и дека треба да се добијат истите услови кои ги имаше СДСМ на парламентарните избори.
– Ние ги дефиниравме условите, а тоа значи истите услови што ги имаше СДСМ кога беше опозиција за изборите во 2016-та. Тоа е дел од Законот и го гласаа претениците на СДСМ и ДУИ и многу јасно и прецизно се договоривме 100 дена пред да се случат парламентарните избори ние треба да имаме техничка влада и ние апсолутно нема со кој да правиме компромис, вели Мицкоски.
Мицкоски повтори уште еднаш дека треба брза оставка на јавниот обвинител, предлог на опозицијата нов, да се формира анкетна комисија во рамки на Собранието каде ќе се истражат сите сомнителни работи околу референдумот и на крај треба да биде пржинската влада која е договорена со СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски