| четврток, 6 декември 2018 |

Намален бројот на жители во Грција

Грција се соочува со намалување на бројот на населението, како резултат на негативниот природен прираст, односно поголем број на починати, отколку родени, покажуваат податоците на грчката статистичка служба.

Како што јави АНА-МПА, според податоците на службата, лани во Грција се родиле 88.553 деца, што е за 4,7 отсто помалку споредено со 2016 година, кога биле родени 92.898 деца.

Во исто време, бројот на починати лани изнесувал 124.501, што е за 4,8 проценти повеќе од 2016 година, кога починале 118.792 лица.

Наспроти намалениот природен прираст, во Грција се бележи пораст на бројот на бракови на годишно ниво за еден отсто, односно лани биле склучени 50.138 бракови во споредба со 49.632 брака една година порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top