Во вчерашното гостување во „Топ тема“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека ако договорот со Грција бил така добар како што СДСМ сакаше да го претстави , договорот ќе бил испечатен во 100 илјади примероци и ќе бил доделен од врата на врата, но жал тоа не го гледаме.
Тој истакна дека имаме поразителна бројка од 3 проценти од граѓаните го прочитале договорот.
- Има неколку спорни работи во целиот договор. Прва работа е дека со овој договор Република Македонија се откажува од она ни е веќе стекнато, а тоа е времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Најклучниот проблем е делот во промена Уставот. Во членот 1 се дефинира дека Р.Македонија треба да го промени Уставот со цел да има ново име коешто ќе се вика Република Северна Македонија. Што е создавање на една нова држава , затоа што вие кога ќе промените Устав на една држава значи дека создавате нова држава – објасни Николоски за Договорот со Грција кој е потпишан од страна на владата на СДСМ.
Николовски истакна дека владата на СДСМ е несериозна бидејќи не ги објавува како ќе изгледааат Уставните амандмани, од причина што граѓаните треба да гласаат за четири дена, а не знаат како тие ќе изгледаат.
Според Николовски членот 8 од овој договорот ќе биде модус за вечно блокирање на Македонија за натамошно членство во ЕУ, бидејќи ќе се формирало комисија која на секои 6 месеци ќе прави ревизија на историја, археологија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали
-
Александар Николоски: Владеење на правото е единствениот пат за Македонија
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта
-
Николоски: Мнозинството на етничките Македонци се против договорот