| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно солзавец и водени топови во Турција (фото)

Водени топови и солзавец повторно оружје против демонстрантите во Турција. Полицијата вчера ги растерала насобраните кои марширале кон истанбулскиот парк Гези,центар на повеќенеделните антивладини протести. Демонстрантите се собрале за да го изразат својот протест против законот со кој им е укинато правото на професионалните комори да одобруваат градежни проекти. Сметаат дека ваквата одлука на парламентот се толкува како знак на одмазда кон Комора на архитекти и инженери (ТММОБ), која се спротивставуваше на плановите за реконструкција на плоштадот Таксим во Истанбул, вклучувајќи и уништување на паркот Гези.

Demonstration in Istanbul

ТММОБ беше еден од најсилните поддржувачи на движењето Гези, а неговиот претставник беше портпарол на Платформа за солидарност за Таксим, кој беше и уапсен на 8 јули, заедно со генералниот секретар на Лекарската комора на Истанбул.

Demonstration in Istanbul

Турскиот суд го блокираше проектот за реконструкција на истанбулскиот плоштад Таксим кој имаше поддршка од премиерот Ердоган. Токму поради амбициозниот план за градба на плоштадот Таксим и паркот Гези започна бран крвави протести кои траеја со недели ширум Турција.

Властите сè уште имаат право на жалба на блокадата на реконструкцијата на плоштадот и паркот Гези. Со проектот е планирана изградба на реплика на касарна од времето на Османлиското царство, со трговски центар.

Demonstration in Istanbul

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top