Многу жени велат дека болката при пораѓање е најстрашната болка. Но тоа не е причина Зимбабве да има разбирање за жените кои силно врескаат од неиздржливата болка. Една болница во Зимбабве парично казнила жена која при породувањето врескала. Тие сметале дека таа „лажно ги вознемирила“. Станува збор за казна од 5 долари, а жената не можела да ја плати казната.
„Транспаренси Интернешнл“ за овој случај ја извести јавноста во својот извештај, со напомена дека жените кои не можат да ги платат основните трошоци за породување, неретко добиваат и сметка зголемена со камата. Заменик премиерот на таа земја побарал истрага во болницата поради овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.