| четврток, 6 декември 2018 |

Пех за фаворитите на Заксенринг

Marc Marquez - Action

На денешните утрински тренинзи на мотопатеката во Заксеринг, Германија, настрада еден од фаворитите Дани Педроса. По медицинските тестови не е констатирано скршеница, но тој се пожалил на болки во левото рамо. По дополнителните тестови ќе се одлучи дали тој ќе вози на утрешната трка. Ако настапи, Педроса ќе мора да стартува од 12 место.

На вчерашните тестирања настрада и Хорхе Лоренцо на кој ова му е втор пад на последните две трки. Хорхе дефинитвно ќе ја пропушти трката во Германија.

На квалификациите за пол-позицијата во МотоГП шампионатот младиот шпанец Марк Маркез  ја искористи шансата со утре ќе стартува од пол-позицијата. Тој беше побрз Кал Крачлоу и Валентино Роси кој се пласираше на третото место.

Утрешната трка најавува големи возбудувања бидејќи се отвара шанса за Маркез и Роси да ги достигнат лидерите во генералниот пласман и да го направат првенството уште поинтересно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top