| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник уапсен за скандалот со игли во јагодите во Австралија: Признал дека ги ставал за забава

Во Австралија денес е уапсено момче осомничено за ставање на игли во јагоди наменети за широка потрошувачка, пренесоа локалните медиуми. Момчето признало дека ставало игли во јагодите, и реколо дека тоа го направило за забава. Медиумите не ја откриваат возраста на овој осомничен сторител.

Иако властите за ова кривично дело пропишуваат казна затвор до 10 години, момчето е малолетник, па ќе се соочи со многу поблага казна.

-Секој може да оди до продавница, да забие игли во овошје и да се преправа дека тоа е некаков вид на шега. Таквото однесување е безобзирно и ќе го казнуваме со затворска казна до 10 години, рече премиерот Скот Морисон.

Колку за потсетување, потрошувачи низ цела Австралија објавија дека наоѓале игли во купените јагоди. Властите започнаа истрага, а министерот за здравство Грег Хант им наложи на инспекторите да ги истражат инцидентите пријавени во шест од осумте австралиски држави и територии.

Првиот инцидент беше забележан минатата недела во Квинсленд, по што јагоди од неколку различни производители беа повлечени од пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top