| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со Јоханес Хан, комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата станало збор за политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес.

-Мицкоски потенцираше дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа истиот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, односно надвор од познатите принципи и начела на партијата. Тој го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа повторени критиките за владата на СДСМ и Зоран Заев, чие работење го одбележуваат секојдневни криминални афери, се наведува во соопштението од партијата.

-Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top