| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарската претседателка Дорис Леутард се потпиша против промена на името

Движењето #Бојкотирам од ден на ден добива се поголема поддршка од граѓаните, но и од меѓународната заедница. Последен пример е и потписот на швајцарската претседателка против промена на името на Р.Македонија.

Македонската дијаспора во Швајцарија, која отвори книга во која се собираат потписи против промената на името на државата согласно нелегитимниот Преспански договор, успеа да добие потпис од претседателката Дорис Леутард која стави потпис против промена на името на Р.Македонија.

Македонија е признаена од 140 држави во светот под Уставното име, меѓу кои и од САД во 2004. година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top