| четврток, 6 декември 2018 |

Тој неа шамар, таа него гребаници: Анабела и Андреј Атијас завршија во притвор

Српската пејачка Анабела и нејзиниот сопруг Андреј Атијас се приведени во полиција откако физички се пресметале меѓусебно. Тепачката помеѓу сопружниците се случила во нивниот семеен стан во Белград.

Како што дознава српски „Телеграф“, кавгата започнала поради нивното куче. По жестоката расправија, Андреј и удрил шлаканица на сопругата, а пејачката му вратила со гребаници по лицето.

Во моментот и двајцата се во полициска станица на сослушување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top