Дванаесет години затвор за Љубе Бошкоски за помагање во случајот „Ровер“, одлучи денеска скопскиот кривичен суд. Казнети се и останатите обвинети за учество во убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев. Тројцата бегалци, српски државјани кои според обвиненијата се директни нарачаели на убиството, добија доживотен затвор. Иста казна заработи и четвртиот обвинет, српски државјанин кој одговара за помагање и кој, исто така, е во бегство.
Бошковски е обвинет за кривично дело помагање во извршено кривично дело убиство. Десет години заработи неговиот поранешен шеф на обезбедување Зоран Трајковски, а двајца обвинети поранешни во МВР добија 8 години затвор. Други двајца се осудени на 6 години затвор, а четворица се ослободени од обвиненија.
Бошковски, револтиран од одлуката почна да извикува: „Бандо криминална, колку ве платија да ме осудите, господ ќе ве казни… И ти ќе седиш на мое место овде еден ден, и тебе некој ќе ти суди. Се плашиш цело време додека ја читаше пресудата…“
Клетви пристигнаа и од неговите сестри кои присуствуваа на читање на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.