| четврток, 6 декември 2018 |

Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца

„Земја во која не се стигнува “ е насловот на првиот македонски музички спектакл за деца – мјузиклот кој ќе го подготви Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Текстот за мјузиклот е на познатата македонска писателка Оливера Николова, музиката е на маестро Александар Џамбазов, а режисер на мјузиклот ќе биде Виолета Џолева.

Музички продуцент е Александар Митевски , кореограф е професорката Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот е професор Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Во мјузиклот ќе учествуваат деца актери на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои знаат да пеат и имаат актерски талент. Поради тоа, ТДМ организира аудиција на 21,22 и 23 септември во просториите на Детски Културен центар ,,Карпош “ на улица ,, Илинденска бр 53” ( поранешен назив ,, Пионерски Дом Карпош “).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top