| четврток, 6 декември 2018 |

Царовска од врата на врата во Шуто Оризари: Кога ќе влеземе во ЕУ, ширум ќе ни се отвори европскиот социјален фонд

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со жителите на Општина Шуто Оризари разговараше за забрзаните социјални реформи, за можноста за користењето на еврсопките фондови за подобрување на инфраструктурата, како и за процесот на евидентирање на лицата во Управата за водење на матични книги.

-Со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ ќе ни се отворат ширим вратите на европскиот социјален фонд, но и на други фондови кои се користат во делот на домувањето. Преку овие фондови ќе се обезбедат огромни суми пари за изградба на канализација, водаоснабдување и приклучоци за  струја и за изградба на цели нови станбени единици, истакна Царовска на средбата со жителите од врата до врата во Шуто Оризари.

Министерката Царовска најави и дека од јануари идната година ќе почне исплата на зголемен социјален надоместок во висина слична на минималната плата. Целта на овие реформи е да се извлечат најраливите над линијата на сиромаштија, и да се активираат на пазарот на трудот, со што земјата ќе се доближува до европскиот стандард, односно таму каде што припаѓа.

Министерката Царовска се сретна и со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, а одржа и трибина со фокус групи и граѓански организации кои работат со Ромската зеаедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top