Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со жителите на Општина Шуто Оризари разговараше за забрзаните социјални реформи, за можноста за користењето на еврсопките фондови за подобрување на инфраструктурата, како и за процесот на евидентирање на лицата во Управата за водење на матични книги.
-Со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ ќе ни се отворат ширим вратите на европскиот социјален фонд, но и на други фондови кои се користат во делот на домувањето. Преку овие фондови ќе се обезбедат огромни суми пари за изградба на канализација, водаоснабдување и приклучоци за струја и за изградба на цели нови станбени единици, истакна Царовска на средбата со жителите од врата до врата во Шуто Оризари.
Министерката Царовска најави и дека од јануари идната година ќе почне исплата на зголемен социјален надоместок во висина слична на минималната плата. Целта на овие реформи е да се извлечат најраливите над линијата на сиромаштија, и да се активираат на пазарот на трудот, со што земјата ќе се доближува до европскиот стандард, односно таму каде што припаѓа.
Министерката Царовска се сретна и со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, а одржа и трибина со фокус групи и граѓански организации кои работат со Ромската зеаедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст